Песочна бура во Русија: Дон пресуши, залив стана пустина

Таганрогскиот Залив повеќе го нема. Таганрог е покриен со четири метри песок. Не знам, можеби и повеќе, вели еден локален жител кој објави видео на социјалните мрежи.

233

Градот Таганрог, јужна Русија, го погоди песочна бура, додека во областа Ростов, реката Дон и Таганрогскиот Залив станаа плитки, јавија руските медиуми.

Силниот ветер предизвикал различни последици.

– Таганрогскиот Залив повеќе го нема. Таганрог е покриен со четири метри песок. Не знам, можеби и повеќе, вели еден локален жител кој објави видео на социјалните мрежи.

Бродовите се на копно додека мештаните возат автомобили како на сафари, објавија некои руски медиуми.

Причина за невремето бил силен источен и североисточен ветер, кој водата од реката ја истуркал кон Азовското Море.

Брегот се поместил за речиси 100 метри.

Втор ден по ред, жителите на Таганрог мора да носат маски, а многумина се жалат дека тешко дишат.

Според локални експерти, водата ќе се врати кога ветерот ќе го смени правецот, а тоа се очекува да се случи за една недела.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...