Русија ќе ги брани своите интереси и имот во Венецуела во рамките на меѓународното право користејќи ги расположливите механизми, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Русија изминатите години одржува блиски врски со претседателот на Венецуела, Николас Мадуро и во тој период ја кредираше земјата. Руската државна нафтена компанија „Росњефт“ и додели кредит на венецуелската државна нафтена компанија ПДВСА во висина од шест милијарди долари, кои до крајот на годината треба да се врати преку испорака сурова нафта.
Според податоци на „СП Глобал плетс“ (S&P Global Platts) во ноември 2018 година Венецуела имала 3,1 милијради долари преостанат долг за отплата на „Росњефт“.
Руската државна нафтена компанија има пет заеднички проекти со ПДВСА во Венецуела.