Песков: Русија го поздравува цврстиот став на Ердоган во однос на САД

200

Русија го поздрави цврстиот став на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, како одговор на притисокот на САД врз Анкара поради договорот за купување на рускиот ракетен систем С-400, изјави портпаролот на Кремљ Дмитри Песков.

Според него, притисокот на САД е без преседан.

– Веруваме дека само таква позиција ни овозможува да изградиме слободен и суверен дијалог – рече Песков, додавајќи дека само неколку земји во светот можат да се однесуваат на суверен начин, а меѓу нив се и Русија и Турција.

Пред пет дена, американскиот државен секретар Мајк Помпео ја предупреди администрацијата на Ердоган дека Анкара нема да биде подобна за производство на делови за авионите Ф-35 поради купување на руски ракетни системи С-400.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...