Песков: Рано е да се зборува дали Русија ќе и помогне на Србија

Српскиот претседтаел претходно нагласи дека има намера да побара поддршка од рускиот претседател Владимир Путин за решавање на ситуацијата на Косово.

410

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека е се уште рано да се зборува за тоа дали Русија ќе и даде помош на Србија по заострувањето на ситуацијата на Косово.

– Прво треба да се одржи состанок на претседателите Владимир Путин и Александар Вучиќ, изјави тој за радиото Зборува Москва, на прашање дали Русија ќе и даде помош на Србија по најновото заострување на ситуацијата на Косово.

Српскиот претседтаел претходно нагласи дека има намера да побара поддршка од рускиот претседател Владимир Путин за решавање на ситуацијата на Косово.

Засега не станува збор за воена поддршка. Состанокот на Вучиќ и Путин е планиран за 2 октомври, јавуваат руски медиуми.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...