Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека не добил никаква официјална информација за откажување на договорениот состанок на рускиот претседател Владимир Путин со американскиот преседател Доналд Трамп во Аргентина.
– Летаме за Аргентина. До сега го видовме само твитот и наводите во медиумите (за откажување на состанокот). Немаме официјална информација – изјави Песков за руската новинска агенција ТАСС.
Претхдно, Трамп одлучи да ја откаже средбата со Путин, што беше предвидено да се одржи на маргините на Самитот на Г-20 во Украина, поради кризата во Украина.
– Со оглед на фактот дека морнарите и бродовите не се вратени од Русија во Украина, одлучив дека најдобро е за сите да го откажам претходно закажаниот состанок во Аргентина со претседателот Владимир Путин. Се радувам на значителниот Самит, штом оваа ситуација заврши, напиша Трамп на Твитер.
Трамп претходно изјави дека најверојатно ќе се сретне со Путин на маргините на Самитот на Г-20 в сабота.
Најверојатно ќе се сретнам со претседателот Путин, изјави Трамп во Вашингтон, пред да замине за Аргентина.
Но, тој додаде дека конечниот извештај за тензиите во регионот, откако Русија во неделата задржа три украински воени бродови во близина на Крим, и ги уапси членовите на екипажите, ќе добие во текот на летот за Буенос Аирес.
Во авион ќе добијам целосен извештај за тоа што се случи и во согласност со тоа ќе одлучам што да правам, наведе Трамп.