Москва се надева дека транскриптите од разговорот на рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Доналд Трамп, нема да бидат објавени, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– Секако, овој вид објавување е невообичаена пракса – рече Песков, коментирајќи го објавувањето на транскриптот од телефонскиот разговор на Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој појасни дека таквите разговори меѓу шефови на држави, по правило, се доверливи или многу доверливи.
– Тоа е стандардна пракса низ светот и вообичаено таа конверзација не се објавува – рече Песков.
Според него, во случајот со Украина, објавувањето на транскриптите е направено со взаемна согласност.
ФОТО: ЕПА