Песков: Лидерите на САД и Северна Кореја не беа подготвени за компромис

115

Разговорите на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, најверојатно не успеаја бидејќи двете страни не беа подготвени за компромис и отстапки, соопшти денеска Кремљ.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изави дека Москва е охрабрена од фактот што преговорите не пропаднаа во целост.

– На самитот недостигаа мали чекори и флексибилност што можеа да помогнат во постигнувањето на одреден напредок. Нуклеарната програма на Северна Кореја е комплицирано прашање, што е невозможмо да се реши од прв -, наведе Песков.

Вториот самит Трамп – Ким денеска беше прекинат без да се постигне договор, а американскиот претседател изјави дека тоа се случи откако Северна Кореја побарала целосно укинување на санкциите во замена за затворањето на нуклеарната постројка Јонгбјон.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...