Песков: Виена можна локација за евентуална средба Путин-Трамп

81
ФОТО: ЕПА

Виена се смета за една од можните дестинации за одржување евентуален самит на рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Доналд Трамп, но засега не е донесена одлука, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој додаде дека Путин и Трамп во март, во телефонски разговор, ја разгледаа можноста за состанок и за негова локација, притоа посочувајќи ја Виена.

Песков исто така рече дека „засега нема конкретен договор“ за тоа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...