Пентагон се дистанцира од Трамп за напади врз ирански културни објекти

282

Пентагон се дистанцира од заканите на претседателот Доналд Трамп дека ќе бомбардира ирански културни објекти независно од меѓународната забрана за такви напади.

Министерот за одбрана Марк Еспер изјави дека САД ќе ги почитуваат законите за вооружени конфликти.

На прашање дали тоа исклучува бомбардирање културни објекти, Еспер одговори: Такви се законите за вооружени конфликти.

Различните ставови меѓу претседателот на САД и на шефот на Пентагон се во момент на зголемени тензии со Техеран по воздушниот удар во кој беше убиен иранскиот генерал Касим Сулејмани. Трамп двапати предупреди дека ќе нападне ирански културни објекти ако Техеран изврши удари врз САД.

Согласно Хашка конвенција од 1954 година, државите треба да „преземат секакви можни мерки“ за заштита на културни објекти и треба да се воздржат од „какви било непријателски акции врз такви објекти“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...