Тоа беше објавено во време кога Вашингтон засилува притисок врз Анкара да се откаже од купувањето на рускиот систем за одбрана на С-400.
Портпаролот на Пентагон, полковник Мајк Ендрјус, рече дека американското Министерство за одбрана е „запознато дека турските пилоти веќе не летаат со Ф-35″.
Американскиот секретар за одбрана, Патрик Шанахан, му рекол на турскиот колега дека турските пилоти, кои се веќе во САД, можат да останат таму до крајот на јули.