Пентагон: Еднострана воена акција во Сирија е неприфатлива

79

Еднострана воена акција во североисточна Сирија е основа за „сериозна загриженост” и е „неприфатлива”, соопшти Пентагон, откако турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган најави дека Анкара ќе спроведе операција на исток од реката Еуфрат во Северна Сирија.

– Еднострани воени дејствија во североисточна Сирија, од која и да е страна, особено имајќи предвид дека таму или во околината може да има американски персонал, се повод за сериозна загриженост. За нас секакви слични дејствија се неприфатливи – посочи портпаролот на Пентагон, Шон Робертсон.

Тој додаде дека Сириските демократски сили се активни партнери против Исламска држава, а САД се целосно ангажирани за граничната безбедност на Турција.

– Не треба да и дозволиме на Исламска држава да земе здив во овој критичен момент, бидејќи ќе ги загрозиме значителните победи кои ги постигнавме со коалициските партнери, а ризикуваме да дозволиме преродба на ИД – забележа Робертсон.

ФОТО: Архива

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...