Пенс вети поддршка за Украина, Русија обвини дека сака раздор

108

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс денеска изјави во Варшава дека Вашингтон ќе продолжи да ја поддржува Украина.

– Разговарав во претседателот (Володимир) Зеленски за поддршката на Америка за Украина и за претстојната одлука на (Доналд) Трамп. Од моментот на нелегалната руска агресија САД посебно ја поддржуваат Украина. Го поддржуваме суверенитетот и територијалниот интегритет – истакна Пенс на заедничката прес-конференција со полскиот претседател Анджеј Дуда.

Пенс посочи и дека Русија се обидува да предизвика поделби помеѓу сојузниците.

– Русите и понатаму нелегално окупираат големи области на Грузија и Украина. Настојуваат да го поделат нашиот сојуз користејќи ги своите резерви на нафта и гас. И покрај провокациите никогаш нема да има раздор помеѓу Полска и САД. Ние не сме само сојузници, ние сме се семејство – истакна Пенс.

Додека полскиот претседател се спротивстави на инсистирањето на Трамп, Русија да се вклучи во Г-7.

– Тоа што се случи во Грузија и Украина не смееше да се случи никаде во Европа – посочи Дуда.

Пенс и Дуда разговараа и за зголемување на американското воено присуство во Полска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...