Пензискиот фонд дава под закуп 1.792 квадратни метри

Јавното наддавање е закажано за 23 август.

111

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување преку јавно наддавање издава под закуп деловен простор со вкупна површина од 1.792 квадратни метри, кој се наоѓа во пензионеските домови и клубови на пензионери во Скопје, Гостивар и Делчево.

Почетната цена за просторот се движи од 45 до 1.204 евра зависно од големината на просторот и местоположбата.

Преку наддавање ќе се издаваат 15 квадратни метри простор во Пензионерски дом во Автокоманда како и во гостиварскиот Пензионерски дом – Цвет во кој се издавааат 571 м2 на приземје и 103 м2 во подрум.

Во Делчево, пак, се издава простор во деловен објект и тоа на приземје од 90 и 64 квадратни метри.

Истовремено во Клубот на пензионери во Делчево се издава просторија од 17 квадратни метри која се наоѓа на приземје како и 730 квадратни метри на приземје и 205 квадратни метри подрумска просторија.

Заинтересираните покрај другите услови треба да поднесат и банкарска гаранција од 2 отсто од вредноста на закупот.

Јавното наддавање е закажано за 23 август.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...