Претседавачката со Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси оцени дека претседталот Доналд Трамп не обрнува внимание на предупредувањата од неговата администрација за заканите што ги претставуваат Северна Кореја, Иран и други држави.
Таа додаде дека е вџашена од тоа што Трамп не обрнува внимание ниту има желба да слушне што му кажува разузнавачката заедница.
Трамп ги нападна шефовите на разузнавачките служби откако во Конгресот изјавија дека е малку веројатно дека Северна Кореја ќе го размонтира својот нуклеарен арсенал, какои дека функционира Договорот со Иран,
– Можеби разузнавачите би требало да се вратат во училиште – изјави Трамп.
Таа истакна и дека нема да бидат издвоени средства за изградба на ѕид на границата со Мексико, за Владата да продолжи со работа по 15 февруари.
Photo: EPA / JIM LO SCALZO