Пелоси: Нема да започнам постапка за импичмент на претседателот Трамп

67
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот на САД Ненси Пелоси изјави дека нема намера да отпочне постапка за отповикување на претседателот Доналд Трамп.

Според неа, тоа може да се случи само ако се појават нови категорични сведоштва против претседателот.

–  Импичментот ќе предизвика таква поделба во општеството, што ако не се појави нешто толку убедливо и категорично што ќе даде универзална поддршка за општеството за таков чекор, не мислам дека треба да одиме по тој пат, рече Пелоси како одговор на новинарско прашање .

Прашањето за импичмент на претседателот беше покренато јавно од неколку конгресмени од Демократската партија, според кои некои активности на Трамп, вклучително и истрагата во мешањето на руската афера, се основа за негово отповикување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...