Последниот ден на Тера Мадре, ден за шопинг на се што сте стасале да пробате и да не пробате, како обид да понесете со себе барем некое делче од сите вкусови и мириси што сте ги впиле на најголемиот саем за храна на светот во Торино.
Пекорино, пармезан, најубавите маслинови масла, шери домати, лазањи, пиви, тестенини со мастило од сипа и други „перверзии“, пршути, мортадели, колбаси со тартуфи, со триста марифети и состојки кои во овие комбинации никогаш не сте се ни сетиле да ги пробате.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.