129 мртви и 500 ранети при бомбашки напад во Шри Ланка ВИДЕО

Експлозии одекнале за време на велигденската миса во католичката црква „Свети Ентони“ и во три хотели со пет ѕвезди во главниот град на Шри Ланка, Коломбо.

401

Најмалку 100 лица загинаа, а повеќе 250 други се ранети при неколку експлозии во три цркви и три хотели на Шри Ланка, јави ДПА.

Според полициски извори, речиси истовремено експлозии одекнале за време на велигденската миса во католичката црква „Свети Ентони“ и во три хотели со пет ѕвезди во главниот град на Шри Ланка, Коломбо.

Покрај овие, експлозии имало и во црквата „Свети Себастијан“ во местото Негомбо, на 30 километри од Коломбо, како и во црква во Батикалоа, на 250 километри источно од главниот град на земјата.

Покрај овие, експлозии имало и во црквата „Свети Себастијан“ во местото Негомбо, на 30 километри од Коломбо, како и во црква во Батикалоа, на 250 километри источно од главниот град на земјата.

Експлозиите во хотелите „Синамон Гранд“, „Кингбари“ и „Шанги-Ла„ во центарот на Коломбо ги потврдија и две туристички агенции чии гости престојувале во овие објекти.

Засега никој не презеде одговорност за експлозиите.

Ова е прв сериозен бомбашки напад во Шри Ланка од завршувањето на конфликтот меѓу властите во Коломбо и сепаратистичката група Ослободителни тигри на тамилскиот Елам (ЛТТЕ) во 2009 година.

ОБНОВЕНО Најмалку 129 лица загинаа, а над 500 други се ранети при неколку експлозии во три цркви и три хотели на Шри Ланка, соопштија властите во Коломбо.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...