Пајат: Време е за дијалог, а не за понатамошни ескалирачки и провокативни постапки

77

Сега е време за дијалог, а не за понатамошни ескалирачки, провокативни постапки, рече амбасадорот на САД во Атина, Џефри Пајат за време на предавањето на американски хеликоптери на Грција, прашан за однесувањето на Турција во источниот Медитеран, јави дописничката на МИА од Атина.

Пајат во изјавата додаде дека заеднички интерес и за САД и за ЕУ е да се избегне било каква понатамошна провокација од Турција.

– За овие прашања јавно говорев минатата седмица во моите јавни излагања во Вашингтон и Стејт департментот во текот на викендот го реафирмираше силниот американски став дека сега е време за дијалог, а не за понатамошни ескалирачки, провокативни постапки – вели амбасадорот на САД во Атина, Џефри Пајат.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...