Пацоли до Гутереш: Белград ја прифати вистината за Косово, време е за договор

162

Министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли му напиша писмо на генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, во кое наведува дека е уверен оти Белград, иако тешко, „ја прифатил вистината“ за „независно Косово согласно меѓународното право“.

Пацоли на својот Фејсбук профил наведува дека во писмото до Гутереш напишал дека „дошол моментот за конечен договор со Србија“.

– Го известив генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, дека членството во ОН е особено можно сега, поради тоа што Србија, иако тешко, посака да покаже дека е заинтересирана да оди напред и дека се согласува со вистината што ја потврди Меѓународниот суд на правдата на 22 јули 2010 година, дека државноста на Република Косово е согласно меѓународното право, напиша Пацоли на Фејсбук.

Тој пишува и дека ставот на Меѓународниот суд „овозможи Белград да ја види оваа вистина, особено во врска со ставот на Србија за признавање на државноста на Косово, која, секако треба да се менува“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...