Пахор: Хрватска во Шенген само под еден услов

415

Словенечкиот претседател Борут Пахор рече дека е можно да се избегне блокирање на влезот на Хрватска во Шенген-зоната, но дека проблемот е во тоа што Загреб одбива да ја имплементира арбитражната пресуда за граничниот спор, за која Словенија смета дека е конечна и обврзувачка за обете страни.

– Би ги повикал сите оние што можат да придонесат, да го искористиме времето помеѓу одлуката на Комисијата дека Хрватска е технички подготвена за Шенген и расправата за тоа прашање во Советот на ЕУ за интензивен политички и дипломатски дијалог – рече Пахор во интервју за мариборскиот весник „Вечер“, по повод 10-годишнината од арбитражниот договор меѓу двете земји.

Арбитражниот договор, Словенија и Хрватска го потпишаа во Стокхолм на 4 ноември 2009 година. Договорот го потпиша Пахор, кој тогаш беше премиер и тогашната хрватска премиерка Јадранка Косор.

Пахор оцени дека проблемот е во тоа што Хрватска толкува дека словенечката страна го компромитирала арбитражниот процес и одбива да ја спроведе арбитражната пресуда, со која на Словенија и се доделуваат две третини од  Пиранскиот залив.

– Тоа е проблем. Хрватската договорна страна одбива да ја примени пресудата, иако таа се обврза на тоа според меѓународното право и самиот договор. Границата сега е дефинирана и Словенија е должна да бара на мирен начин тоа и да се реализира –  истакна Пахор. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...