Првите две регионални железнички композиции „Корадија ај Линт“ со водородни келии беа пуштени за редовен превоз на патници во северна Германија. Имаат нулта емисија штетни гасови и засега поврзуваат четири гратчиња, при што рутата е долга 100 километри.
Возовите се произведени во погоните на француски „Алстом“, а една од главните цели е да се истисне дизелот во железничкиот сообраќај. Проектот во Германија беше најавен пред две години.
Со едно полнење на резервоарот со водород, возот може да мине илјада километри, јавуваат западните медиуми.
ФОТО: Викиванд