Еден парох во италијанската област Сан Кристофоро настрада во својот дом, задушувајќи се од јаже кое требало да му го спаси животот, пишуваат италијанските медиуми.
Поради безбедност, јажето го врзал околу себе додека ги чистел олуците, а настрадал кога случајно изгубил рамнотежа.
Шеесетгодишниот парох паднал од балконот на парохиската куќа, а настрадал од јажето кое го направил претходно како безбедносен појас.
Како што пишува италијанскиот весник „Кориере дела сера“, свештеникот бил сам во својот дом, а сакал да ги исчисти лисјата од олуците, што се обидел да го направи од балконот. Откако изгубил рамнотежа, јажето се отпуштило и го задавило.
Полицијата соопшти дека обдукцијата ќе ја утврди точната причина за смртта.