Аки Рахимовски (62) доживеа полесен мозочен удар на почетокот на април. Бендот тогаш ги откажа сите концерти на неодредено, а Аки по закрепнувањето во бањата се уште оди на испитувања, после кои ќе знае дали ќе мора да се подложи на операција.
– Татко ми се уште е на лекување и се одмора. Нема да биде подготвен за настапи уште извесно време, а сите се надеваме дека наскоро ќе закрепне и ќе почне да настапува – рекол синот Кристијан Ракимовски (36).
– Тие сигурно ќе настапат, а колку што знам Аки оди на уште некои испитувања и не би било коректно од нас да бараме да излезе на сцената додека целосно не закрепне. Освен тоа, откажаа неколку следни концерти, па тешко е да се очекува дека ќа ја одработат оваа свирка. Кој ќе го замени, се уште не можам да кажам, но публиката сигурно ќе биде задоволна, во тоа сум убеден. Замената ќе биде достојна и никој нема да биде разочаран – уверен е Бартош.
Аки на почетокот на април имал здравствени проблеми, но веднаш не отишол кај лекар. По неколку дена сепак, отишол на преглед, кога му утврдиле дека имал полесен мозочен удар. За среќа, без потешки последици.
– Добро сум, не грижете се, не е толку страшно – рекол тогаш Рахимовски.