Парламентарците гласаа „против“ договорот на Меј за Брегзит

Правниот советник на владата, сер Џефри Кок, рече дека ако договорот на Мај биде одбиен, земјата ја очекува многу неизвесност. Тој ги обвини пратениците „дека играат со животот на луѓето“.

935

Британската премиерка Тереза Мај доживеа пораз на клучното парламентарно гласање за нејзиниот договор со кој Велика Британија треба да ја напушти Европската унија.

Нејзиниот договор  доби 202 гласови наспроти 432 „против“.

Гласањето еднаш беше одложено во декември откако Меј тоа го побара заради немање поддршка.

Пред гласањето, последниот ден од дебатата заврши со говор на премиерката и со размена на остри реплики. Меј ги повика пратениците да гласаат за договорот за Брегзит што го постигна со ЕУ, нагласувајќи им дека ја имаат таа обврска поради исходот од референдумот во 2016 година.

Правниот советник на владата, сер Џефри Кок, рече дека ако договорот на Мај биде одбиен, земјата ја очекува многу неизвесност. Тој ги обвини пратениците „дека играат со животот на луѓето“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...