Парламентарни избори во Словачка

За 150-те пратенички места се борат кандидати од 23 партии и една партиска коалиција. За да влезе во парламентот секоја политичка партија или коалиција треба да освои најмалку пет отсто од гласовите на избирачите.

38

Во Словачка денеска почнаа парламентарните избори за Националниот совет (еднодомниот словачки Парламент), пренесоа руските медиуми.

– Гласањето почна во 7 часот и ќе заврши во 22 часот по локално време, соопшти Централната изборна комисија (ЦИК). „Во земјата  се отворени 5.998 избирачки места – додаде ЦИК.

Граѓаните можат да гласаат и преку Интернет, а оваа можност се користи главно од Словаците кои живеат во странство.

За 150-те пратенички места се борат кандидати од 23 партии и една партиска коалиција. За да влезе во парламентот секоја политичка партија или коалиција треба да освои најмалку пет отсто од гласовите на избирачите.

Најголем број од гласачите, според социолошките истражувања, имаат намера својот глас да им го дадат на кандидатите од партијата „Правец – социјалдемократија”. Во последните осум години нејзините претставници раководат со непроменетата словачка Влада.

Конечните резултати од изборите се очекуваат во недела.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...