Парламентарен самит на Централна и Источна Европа

Во Варшава денеска и утре ќе се одржи средба на претседателите на парламентите или нивни претставници од земјите од Централна и Источна Европа на кој учествува и Македонија.

52

Во Варшава денеска и утре ќе се одржи средба на претседателите на парламентите или нивни претставници од земјите од Централна и Источна Европа, на која ќе се разговара за зајакнување на парламентарната соработка и за можностите за регионален развој на инфарструктурата, енергетската безбедност и транспортната политика.

Учесниците на собирот ќе разговараат и за улогата на парламентарната дипломатија во современите меѓународни односи, како и за значењето на парламентите во остварувањето на целите за одржлив развој, регионалната соработка и создавањето на европска мигрантска политика.

Покрај домаќинот на самитот, претседателот на полскиот Сејм, на средбата е најавено и учество на првите луѓе на парламентите на Македонија, Албанија, Литванија, Малта, Словенија, Србија, Унгарија и Чешка, на потрпретседатели на собранијата на Азербејџан, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грузија и Ерменија, како и на парламентарани делегации од Грција, Казахстан, Словачка, Украина и Хрватска.

Предвидено е учесниците на собирот да присуствуваат и на свечената седница на полскиот Парламент по повод 550-годишнината од парламентаризмот во Полска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...