Финансиска помош за подобри резултати на 12 годишниот Марко Пејчиновски кој го преплива Охридско езеро пристигна од Витаминка АД Прилеп. Оваа донација следи по информациите за храбриот потег на Марко, кој и покрај инфаркт на долните екстремитети успеа во својот подвиг.
– Секогаш се обидуваме да помогнеме онаму каде е потребна помош. Во случајов потребна е финансиска помош за Марко да има голема иднина пред себе. Важно е што повеќе компании да се приклучат на оваа иницијатива за да има поголем ефект и да се креира вистинска поддршка за младиот пливач – изјавија од Витаминка.