Париз, Хонг Конг и Сингапур најскапи градови во светот, според „Економист“

53
ФОТО: EPA / CHRISTOPHE PETIT TESSON

Најскапи градови во светот се Париз, Хонг Конг и Сингапур, кои на листата на весникот „Економист“ го делат првото место.

Според трошоците за живеење во 133 градови ширум светот, овие три градови ја делат првата позиција, што е првпат во 30-годишната долга историја на анкетирања спроведени од страна на „Економист“.

Истражувањето ги споредува цените на секојдневните намирници, како што е лебот, а потоа се следи дали цените се зголемиле или намалиле и се споредуваат со трошоците за живот во Њујорк, кој се користи како референтна вредност.

Париз од 2003 година е меѓу десетте најскапи градови и е „исклучително скап” за живот, наведува авторот на извештајот.

Просечната цена на женска фризура, на пример, во Париз изнесува 119,04 долари, во споредба со 73,97 долари во Цирих и 53,46 долари во јапонскиот град Осака.

– Европските градови имаат највисоки цени за домаќинство, лична нега, рекреација и забава, а Париз е во овие категории добар претставник – вели авторот.

Зад Сингапур, Париз и Хонг Конг се наоѓаат Цирих, Женева, Сеул, Копенхаген, Осака, Сеул, Њујорк, Тел Авив и Лос Анџелес.

ФОТО: EPA / CHRISTOPHE PETIT TESSON

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...