Париз се подготвува за евентуално излевање на Сена

85

Градот Париз најави дека презема мерки на претпазливост, откако во текот на денот се очекува водостојот на Сена да достигне 4,30 метри, јави дописникот на МИА.

– Нивото во моментов е 3,90 метри, а според предвидувањата, треба да достигне 4,30 метри, изјави помошникот на градоначалникот за безбедност на Париз – Коломб Бросел.

Одлучено е да се пренесат бездомните лица сместени на речен брод во две спортски сали во 13-от и 15-от арондисман. Покрај тоа, беа спроведени акции за да се предупредат бездомниците на опасноста од надојдената вода.

Во очекување на евентуално излевање, градските служби „го затворија тунелот Тујери и пристапот на кејот на левиот брег. Градското собрание преку свои агенти ги информира шетачите да не се приближуваат кон бреговите на Сена.

Ако Сена достигне 4,50 метри градското собрание „сите концесионери на паркинзи ќе ги замолат да проверат дали нема пораст на нивото на водата во подземните паркиралишта. Обилните врнежи во Франција ги исполнија подземните резервоари и водата започнува да се искачува.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...