Париз: Пронајдено безживотно тело на таен патник во авион кој слетал од Абиџан

505

Безживотно тело на „таен патник“ е пронајдено утринава во авион на „Ер Франс“ кој слетал на парискиот аеродром „Шарл де Гол-Роаси“, патувајќи од Брегот на слоновата коска, соопшти француската авиокомпанија.

Весникот „Фигаро“ пишува дека станува збор за десетгодишно дете, но „Ер Франс“ одби да ги коментира медиумските наводи и наведе дека истрагата е во тек.

Авиопревозникот изрази жалење и длабоко сочувство поради човечката трагедија.

Извор од канцеларијата на француското обвинителство истакна дека јавниот обвинител не е запознат со годините или идентитетот на „тајниот патник“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...