Париз на Ким Џонг-ун не му верува, мора да ја потврди волјата за нуклеарно разоружување

Француски министер рече дека во минатото, таткото на Ким Џонг-ун најавувал одредени активности како денуклеаризација, но ништо не се доби.

55

Средбата на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун е „неоспорен напредок”, но волјата, прикажана од Ким за нуклеарно разоружување, „треба да биде потврдена”, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан .

Во интервју за францускиот телевизиски канал „Се њуз” (CNews) министерот додаде дека „Северна Кореја, која се закануваше на светскиот мир … на самитот одлучи да започне нуклеарно разоружување, што е многу добро. Сега треба тоа и да го потврди, односно да го спроведе“.

Францускиот министер рече дека во минатото, таткото на Ким Џонг-ун најавувал одредени активности како денуклеаризација, но ништо не се доби.

– Поради тоа, добрата вест треба да биде проследеао со потврда дека принципот за денуклеаризација, соопштен на самитот, е навистина неповратен и предмет на проверка. Треба внимателно да се следи како се спроведува оваа денуклеаризација, приближување меѓу Северна и Јужна Кореја, како се почитуваат човековите права во Северна Кореја, а потоа ќе видиме, рече шефот на француската дипломатија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...