Париз затвори повеќе метро станици поради „Жолтите елеци“

42
Photo: EPA / IAN LANGSDON

Многу станици на париското метро по барање на префектурата се затворени повторно како превентивна мерка од евентуални демонстрации на жолтите елеци, јави дописникот на МИА.

Втор ден по ред како се затворени централните метро страници на најпрометната туристичка авенија Шанзелизе, откако вчерашниот ден беше одбележан со ново насилство и судири со полицијата, поради тоа што денес се навршува точно една година по првите демоснтрации.

По вчерашните судири и насилство во Париз, денеска има бројни негодувања по оштетувањето на споменикот на маршалот Алфонс Жуан, херој на Втората светска војна. Жуан ги предводел француските експедитивни сили во Италија, тој беше победник во Гариглиано, решавачката битка од 13.05.1944 година, која потоа и дозволи на Алијансата да ја спроведе офанзивата за ослободување на Рим.

Според Министерството за внатрешни работи на Франција, вчера имало само околу  28.000 жолти елеци на улиците, додека движењето ги процени на 39.530. За споредба пред една година на првата демонстрација на жолтите елеци на 17 ноември 2018 имаше 282.000 демонстранти.

Полицијата соопшти дека имало 149 уапсени лица, а обвинителството од Париз објави дека биле изречени 129 мерки притвор.

Министерот за внатрешни работи, Кристоф Кастанер, го осуди насилството  на вчерашните демонстраци, при утринското интервју за Цњуз, Европа 1 и Лес Ехос. Министерот направи разлика помеѓу „почетното движење“ со „легитимни“ барања од една страна и „силеџиите“ од друга страна. Според него, она што го видовме во саботата во Париз, „малкумина од нив се демонстранти, туку тоа се  насилници, брутални лица кои дојдоа да се тепаат, да се борат со полицијата, да ги спречат пожарникарите да дејствуваат и да се зачуваат понекогаш животите“.

Photo: EPA / IAN LANGSDON

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...