Демонстрациите по повод 1 мај, што ќе се одржат во главниот град на Франција, Париз ќе бидат обезбедувани од 74.000 полицајци и жандарми, јави дописникот на МИА.
На денешните протести ќе учествуваат претставници на синдикатите, на Жолтите елеци, како и членови на групата Црн блок
Жолтите елеци вчера на интернет најавија „1-ви црно жолт мај!“, со што јасно ги откриваат своите намери: „Последен акт. Париз, главниот град на бунтот”.
Полицијата стравува да не се повтори минатогодишното насилство.