Париз врие, најмалку 17 лица уапсени во насилните протести

За спроведување на реформите на Макрон потребно е да се отпуштат околу 100.000 вработени во јавниот сектор.

547

Најмалку 17 лица беа уапсени во Париз вчера за време на масовните протести организирани да го искажат несогласувањето со реформите на францускиот претседател Емануел Макрон.

За спроведување на тие реформи потребно е да се отпуштат околу 100.000 вработени во јавниот сектор.

Портпаролот на париската полиција изјави дека бројот на уапсени демонстранти и штрајкувачи постојано се зголемува поради подигањето на тензиите и се поголемиот број на судири меѓу полицијата и протестантите.

Синдикатите на многу сектори се закануваат со нови штрајкови.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...