Парада на гордоста во Тирана

На парадата на гордоста учествуваа членовите на заедницата, но исто така и нивни поддржувачи не само од Албанија,туку и од соседните земји,меѓу нив и од РС Македонија,кои на лицата се со боите на виножитото.

117

Прегратки, бакнежи, бои на виножито ја преплавија денеска Тирана, по повод Меѓународниот ден против хомофобија, трансфобија и бифобија, 17 мај, кој има за цел да ги координира меѓународните настани кои ја подигнуваат свеста за прекршувањата на ЛГБТИ+ правата ширум светот.

На парадата на гордоста учествуваа членовите на заедницата, но исто така и нивни поддржувачи не само од Албанија,туку и од соседните земји,меѓу нив и од РС Македонија,кои на лицата се со боите на виножитото.

Меѓу нив беше и Народниот правобранител на Албанија, Еринда Баланца.

Правата на ЛГБТ заедницата во Албанија се гарантираат со законот против дискриминација. Сексуалната активност на лица од ист пол е декриминализирана во Албанија од 1995 година, но сепак хомосексуалните двојки не ги уживаат истите економски права како традиционалните брачни заедници.

Албанија се смета за конзервативна земја, посебно по реакциите на јавноста за правата на ЛГБТ заедницата и нивната присутност во јавната сфера. Сепак, легислативата против дискриминацијата што ја усвои Албанија го натера здружението „ILGA-Europe“ да ја квалификува Албанија како една од малкуте земји во Европа што забранува дискриминација врз основа на родов идентитет.

Албанија го ратификуваше Протоколот број 12 на Европската конвенција за заштита на основните човекови права и слободи, а во 2007 година ја потпиша Декларацијата на Обединетите нации за сексуална ориентација и родов идентитет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...