Папата ја прифати оставката на кардиналот обвинет за сексуално малтретирање деца

Папата воедно му нареди на Мекерик да се моли и да се покае за случајот.

89

Папата Франциско ја прифати оставката на американскиот кардинал Теодор Мекерик од колеџот на Кардналите, откако Мекерик беше обвинет дека пред половина век сексуално малтретирал малолетник во Њујорк.

Папата воедно му нареди на Мекерик да се моли и да се покае за случајот. Мекерик (88) ги негира обвинувањата против него. Според обвинувањата, тој две децении малтретирал еден сега 60 годишен маж од Вирџинија, кој првпат бил нападнат кога имал 11 години. Мекерик е обвинет дека имал врска и со тројца возрасни мажи. Еден од лицата кои го обвинија Мекерик е поранешен свештеник кој вели дека надбискупот редовно го канел во куќа на плажа, каде што секогаш се случувало да има повеќе поканети луѓе отколку кревети и некој морал да спие со свештеникот.

Мекерик долго време беше сметан за еден од водечките дипломати на Католичката црква.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...