Папата Франциск именуваше 13 нови кардинали

Неколкумина кардинали кои ги избрал папата доаѓаат од земји во развој, како што се Куба, Конго и Гватемала, додека двајца работеле во Мароко и Индонезија, каде живее мнозинство муслиманско население.

32
ФОТО: EPA / ANGELO CARCONI

Папата Франциск именуваше 13 нови кардинали, вклучувајќи двајца припадници на католичката црква кои им помагале на мигрантите и неколкумина кои работат во сиромашни земји или во држави каде христијаните се малцинство.

Папата тоа го соопшти ненадејно, од прозорецот над Плоштадот Св. Петар, од каде секоја недела им се обраќа на верниците.

Неколкумина кардинали кои ги избрал папата доаѓаат од земји во развој, како што се Куба, Конго и Гватемала, додека двајца работеле во Мароко и Индонезија, каде живее мнозинство муслиманско население.

Тројца од 13-те новоименувани кардинали се постари од 80 години и не можат да гласаат во конклавата за избор на нов папа.

Од доаѓањето на чело на Римокатоличката црква, папата Франциск најмногу се осврнува на луѓето кои живеат на маргините на општеството, вклучувајќи ги мигрантите. Двајца од кардиналите кои ги избра се занимавале со мигрантите во текот на својата кариера.

Новите кардинали официјално ќе ја преземат својата функција на 5 октомври во Ватикан.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...