Папата Франциско на денешната посебна миса се молеше за мигрантите, при што истакна дека тие се луѓе, а не социјално прашање.
Тие се симбол на сите тие кои се отфрлени од денешното глобализирано општество, истакна папата на мисата во Базиликата Свети Петар, со која е одбележана шестата годишнина од неговата посета на италијанскиот остров Лампедуза.
Францико беше папа само четири месеци кога го посети островот Лампедуза, што беше негова прва посета надвор од Рим.
Островот Лампедуза се наоѓа на половина пат помеѓу Сицилија и северноафриканскиот брег и е една од главните точки за влез во Европа за мигрантите и бегалците кои ја користат медитерантската рута.