Папата Франциск со помош од 500.000 долари за мигрантите во Мексико, информираше Ватикан.
– Мажи и жени, често со мали деца, бегаат од сиромаштија и насилство, со надеж за подобра иднина во САД. Сепак, американската граница останува затворена за нив – стои во соопштението на Ватикан.
Се работи за околу 75.000 мигранти од Централна Америка. Од Хондурас, Салвадор и Гватемала, патуваа во каравани, сега се заглавени во Мексико и не можат да влезат во САД и немаат каде да одат.
Претходно, папата го критикуваше американскиот претседател за неговата намера да изгради ѕид на границата со Мексико за да спречи влез на мигранти.
– Градителите на ѕидови, без разлика дали се направени од бодликава жица или од тули, ќе станат затвореници во ѕидовите што ги градат – изјави тогаш папата.
ФОТО: EPA / ETTORE FERRARI