Папата им забрани на свештениците од Амазон да се женат

137
ФОТО: EPA / ETTORE FERRARI

Папата Франциск го одби предлогот на свештениците од Амазон да им се овозможи да склучуваат бракови, во тоа што требаше да биде посебен исклучок од правилото за целибат за свештенството, јави ДПА.

На самитот на Римокатоличката црква во октомври, попознат како синод, кардиналите од Амазон побараа да се прифати и свештенство на женети мажи, но само од нивниот регион, како обид да го надоместат очигледниот недостиг од клер во одалечените предели од Дождовните шуми.

Во документот што се забележува како негов официјален одговор на синодот, папата Франциск не спомнува конкретно за оваа тема, но кажува дека ја исклучува можноста лица кои не се свештеници да даваат света причест и да изведуваат исповед.

Исклучокот од правилото за целибат за свештениците, иако ограничено на регионот Амазон, најверојатно ќе ги разлути традиционалистите во Римокатоличката црка, кои и онака на папството на Франциск гледаат како на премногу либерално, додава ДПА.

ФОТО: EPA / ETTORE FERRARI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...