Папата именуваше нов министер за економија откако претходниот го осудија за силување на момчиња

65

Папата Франциск го именува за ватиканскиот министер за економија шпанскиот језуит Хуан Антонио Герера Алвес.

Тој доаѓа на местото на кардиналот Џон Пел, кој во Австралија е осуден за сексуално злоставување на две момчиња од црковниот хор.

Со тоа е потврдено дека Пел, кој е на отстуство од 2017 година, нема да се врати на функцијата. Пел во Мелбурнн отслужува шестгодишна казна и иако официјално нема ниту една функција, тој останува кардинал.

Функцијата министер за економија во Ватикан формално се нарекува префект на Секретаријатот за економија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...