Папата до бискупите: Слушнете го крикот на младите луѓе кои сакаат правда

80
ФОТО: EPA / ETTORE FERRARI

Папата Франциско денеска на почетокот на Конференцијата за борба против свештеничкото сексуално злоставување деца, предупреди дека е потребно повеќе од само осуда на злосторства и оти верниците очекуваат конкретни дејства како одговор на скандалите.

На четиридневниот собир во Ватикан присуствуваат 190 католички лидери од околу сто бискупски конференции од сите континенти.

Папата им порача на највисоките католички великодостојници дека нивната одговорност е ефикасно да се соочат со злосторствата на свештениците, кои силуваат и  вознемируваат деца.

Тој нагласи дека тие треба да „го слушнат крикот на оние млади луѓе кои сакаат правда” и да ја искористат можноста да го „трансформираат ова зло во шанса за разбирање и прочистување”.

Конференцијата во Ватикан е организирана како одговор на новиот бран педофилски скандали со католички свештеници во САД, Чиле и на други места.

Здружението на жртвите на злоставувања бара на состанокот да биде договорен конкретен акциски план во борбата против педофилијата. 

ФОТО: EPA / ETTORE FERRARI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...