Папата Франциско го смени долгогодишниот главен уредник на весникот на Светата столица и назначи познат италијански новинар да координира со редакциската политика на сите ватикански медиуми.
Ватикан соопшти дека новинарот од весникот „Стампа“ Андреа Торниели, чија специјалност се прашања за католичката црква, ќе стане редакциски директор на управата за комуникации на Римската курија.
Италијанскиот писател и предавач Андреа Монда ќе биде главен уредник на весникот „Осерваторе романо“ на местото на црковниот историчар и новинар Џовани Марија Виан, кој беше на позицијата од 2007 година.
Медиумската дејност на Ватикан е во процес на реформи со цел намалување на технолошкиот вишок и подобрување на координацијата.
ФОТО: EPA / ETTORE FERRARI