Меѓу патниците во авион, кој летал од Турција до Русија, настанала огромна паника кога за само пет минути авионот нагло се спуштил од висина од 9.997 метри, на околу 500 метри, по што дошло до ненадејно опаѓање на притисокот во кабината, пишуваат британските медиуми, повикувајќи се на изјави од сведоци на настанот.
Уплашените туристи гласно викале, а некои од нив и почнале да плачат, пренесуваат медиумите кои додаваат дека во авионот од типот „ербас 321“ на авиокомпанијата „Онур ер“, со седиште во Истанбул, имало 226 патници и осум члена на екипажот.
На видеоснимката направена од патници откако авионот слетал на аеродромот во Волгоград, на југот од Русија, се гледаат кислородни маски кои висат од плафонот на авионот.
„Некои патници имаа потреба од медицинска и психолошка помош по овој ужасен инцидент“, изјавил за „Дејли мејл“ неименуван извор од аеродромот.
Турскиот авион летал од Анталија до Чељабинск, град лоциран источно од планината Урал, но одеднаш се соочил со неочекуван проблем. Според непотврдени извештаи, до инцидентот дошло кога се расипал еден од моторите на авионот.
Рейс Анталия- Челябинск , Разгерметизации салона ,снижение с 10.000 до 500 м за 5 минут , очень страшно !!!!!!
Posted by Agafonov Alexs on недела, 20 мај 2018