Панда сликарка – атракција во виенската зоолошка градина

105

Панда што слика е новата атракција на виенската зоолошка градина. Женката по име Јанг Јанг, која пред две години на свет донесе мечиња близнаци, во меѓувреме научи и да црта.

Сто уметнички дела се веќе ставени на интернет продажба, по цена од 490 евра за слика. Апстрактните цртежи потсетуваат на први обиди на мало дете, коментираат нејзините фанови.

Се планира и посебна книга со фотографии од пандите во австриските зоолошки, за што ќе бидат наменети парите од продажбата на овие уметнички дела.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...