Памела Андерсон шокирана поради апсењето на Асанж

– Како можеше Еквадоре?, запраша актерката, а потоа одговори: „Затоа што ве разоткри?“. Истото прашање ѝ го постави и Велика Британија.

139

Холивудската глумица Памела Андерсон ги нарече денеска САД, Велика Британија и Еквадор „ѓаволи, лажговци и крадци“, бидејќи нејзиниот пријател, основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, е уапсен во амбасадата на Еквадор во Лондон.

– И вие ќе скапете. А ние ќе се исправиме, порача Андерсон на Твитер.

Таа додаде дека е шокирана поради апсењето на Асанж, оценувајќи дека на снимката на која се гледа како го изнесуваат од зградата на Амбасадата и го внесуваат во полициско возило, тој изгледал многу лошо.

– Како можеше Еквадоре?, запраша актерката, а потоа одговори: „Затоа што ве разоткри?“. Истото прашање ѝ го постави и Велика Британија.

– Секако, ти си американска к***а и треба да го свртиш вниманието од твоето идиотско Брегзит с***е, нагласи Андерсон.

Кога станува збор за САД, напишала: „Оваа токсична кукавица од претседател, тој треба да ја собере својата база? Ти си себичен и поради тебе целиот свет назадува“.

Асанж (47) е уапсен денеска во Амбасадата на Еквадор во Лондон, бидејќи Владата на таа земја му го укина азилот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...