Врската на Памела со Рами не ја одобруваат пријателите на русокосата секс-бомба, пренесува „ТМЗ“.
Најпознатата русокоса на светот и францускиот фудбалер турбулентната љубовна врска ја започнаа пред две години, и досега повеќе пати се разделуваа.
Последен пат Памела го „откачи“ Рами кога тој и предложи брак, но истовремено одбил да се откаже од ноќниот живот.
– Нејзините пријатели не го сакаат Адил и свесни се дека Памела со него не е среќна. Таа врска е преполна со проблеми, но таа е вљубена и одбива да ги види – изјавил извор близок на Памела.