Поранешната актерка и „Плејбој“ ѕвезда, Памела Андерсон го напушти Малибу поради шармот на репрезентативецот на Франција, Адил Рами.
Во големата вила во Марсеј, над плажата Прадо таа вели: Го обожавам Марсеј! Географијата, уличките, музеите … Овде се чувствувам како дома. Локалците се вистински луѓе, страстни, силни и фанови на фудбалот“.
Нејзиниот дечко, Адил Рами кој моментално игра на Светското првенство во фудбал 2018, има мароканско потекло, зборува пет јазици. Се запознаваат на Гран При во Монако. И двајцата сакаат да остануваат дома и таа да му приготвува вегетаријански јадења, кои тој ги сака. Памела често може да се види и на неговите натпревари.
– Верувам во животот во пар, во довербата која се гради со трпение. Јас се ангажирам и давам се од себе. Јас сум многу романтична. Затоа и ја сакам Франција толку многу – вели ѕвездата од „Чуварите на плажа“.