Пакистан го повлече амбасадорот од Њу Делхи

68

Пакистан го повлече својот амбасадор од Њу Делхи на консултации по ескалација на тензиите со нуклеарно оружената соседна Индија, изјави денеска портпарол на пакистанското Министерство за надворешни работи.

– Го отповикавме нашиот висок комесар од Индија на консултации. Утрово го напушти Њу Делхи – напиша портпаролот Мохамед Фајсал на Твитер.

Индија минатата недела го повлече својот амбасадор од Пакистан по самоубиствениот напад врз воен конвој во Кашмир, кога бомбаш-самоубиец со автомобил полн со експлозив удри во автобус кој превезувал војници. Официјален Њу Делхи тврди дека Пакистан е вмешан во тој напад, а Исламабад остро демантира.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...