Пакистанскиот министер за внатрешни работи го преживеа денешниот нападот врз него, извршен за време на предизборен митинг во источниот град Наровал, јави ДПА.
– Министерот за внатрешни работи Ахсан Икбал, беше застрелан и повреден за време на предизборен митинг — изјави шефот на полицијата Имран Кишвар.
Првичните извештаи укажуваат на тоа дека имало само еден напаѓач.
– Татко ми доби повреди од куршум и, фала му на Бога, тој е надвор од опасност – изјави синот на министерот, Ахсан Икбал
Тој рече дека неговиот татко е во болница во Нароал и ќе биде префрлен во Лахоре, главниот град на провинцијата Пенџаб, заради понатамошен медицински третман.
Премиерот Шахид Хакан Абаси го осуди нападот и побара итен извештај за инцидентот од шефот на провинциската полиција, се наведува во соопштението од неговата канцеларија..
„Еден од стрелците е уапсен и е испрашуван од страна на полицијата“, напиша на Твитер канцеларијата на Владата на Пенџаб.